поздрав (м.)

- Доброутро, здраво-живо! - поздравува врапче сиво. - Доброутро - поздрав врел ви испраќа гулаб бел.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
По вообичениот поздрав на гардата се најдов во салонот пред свечената сала во која вообичаено претседателот Бургиба ги примаше акредитивите и странските државници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Та како да и го земат на жената последниот поздрав од мажот којшто не се врати ни жив ни мртов.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Чини и голем поздрав од мене и голема благодарност!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На мајка ми ѝ однесов само поздрав.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас, во своето детство, поминато меѓу обични, добри луѓе, често сум можел да го слушнам поздравот: „Добар ден, добри луѓе!“
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Го слушнав како со топлина во гласот го изговори моето име и истовремено ми ја пружи раката за поздрав.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Белите морнарски капи полетаа угоре, за поздрав на првата пролетна ластовица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И поздрав до Ѕвездана и до сите роднини што ќе прашаат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше тоа нивниот последен поздрав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немавме време за разговор, за поздрав ми мавна со раката зашто на семафорот се појави зелено светло а пред крстопатот не можеше повеќе да се стои...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа, строга од некоја своја правдина и со ѕвезда од танки брчки околу устата, застанала пред двајцата без да им одговори на поздравот. Чекала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ме забележаа ми упатија поздрави, со ироничен призвук.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еј, не се бакнавме! се сети и подзапре дури кај првиот свиок на скалите, ја крена слободната рака во знак на поздрав, испрати еден воздушен бакнеж и исчезна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Алајко и Мире застанаа скаменети. Слушаа и во миг со гордост, ги стегнаа десните раце во тупаници, ги кренаа на челото како поздрав, небаре ја слушнаа државната химна или звуците на Интернационалата...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Харинги, маслинки и портокали што нашите роднини кои живеат таму ги праќаа како поздрав по секого што ќе дојдеше кај нас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Христина се насмевна и пружи рака, Петар го подигна шеширот во знак на поздрав и ѝ ја бакна раката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Жителите на градот, сите со тага во очите, не разговараа меѓу себе. Се разминуваа без поздрав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе