покапе (св.)
Дрвјата веќе беа соголени, лисјата покапани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Велат, пак покскапела струјата и ѓубретарината. Оп, се исеков на бричење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Можеби токму сега, од онаа страна на морето, Габриел Гарсија Маркес беснее оти пак се покапал лижејќи чоколаден сладолед или го гризе остатокот од ноктот на левиот показалец оти уводникот во Камбио воопшто не е по негов вкус, а ако ги навикнеш луѓето да читаат лоши уводници ќе ги навикнеш да читаат и лоши книги, лошотилак ќе им се пикне и во мислите што значи и во животот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ме чекале, чекале, и така покапале, испозаспале.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ТЕОДОС: Ме покапале в црква со свеќа... Си прават ќеф... Гледај, Параскево, влакненце...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Уште срам имаше тогаш, велам, да ти покапе лицето, Стојно златна. - Велјанице, ме поправа Велјаница Пармакоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)