покасне св.

покасне (св.)

Се изми надве-натри, покасна и уште предвреме си го зеде сакулето со таблата и букварот и излезе од дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата се намурти, ја наведе главата, си ја помазна брадата, почна да си го поткаснува десниот мустак и зашета низ одајата, очигледно растревожен за неуспехот на неговите луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нарача и кафе, но Стеван одби, поткаснувајќи си ја долната муцка и чудејќи се на Петрушевото безобразие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се потпалува и си ја поткаснува долната муцка. „Море, мајката“, — си вели за себе. — Ами ваа пустина не била вдовица!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, ајде, ајде, жени, соберете торбите и дајте му на бацка Стоја нека си покасне, та нека си легне, оти — слушате? — петлите веќе зачестиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бргу потоа ѝ рече: „Кога ќе се земеме, не ќе мораш да го менуваш презимето“, рече Едо скоро поткаснувајќи си го јазикот поради смелоста што си ја дозволи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знам дали додека се одмораат или додека поткаснуваат, отвора уста за да пушти глас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)