покрие св.
покриен прид.

покрие (св.)

Го собира гласот во устата, ко вода во дулец го собира и нѐ прска, мораш да си го покриваш лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Книгите убаво ги исполнуваа сите рафтови кои ги покриваа ѕидовите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Скривницата се наполни. Згора убаво ги наместија штиците и ги покрија со земја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За спомен ја сликаме далнината и околните планини покриени со густа букова шума која пленува со своето зеленило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стеблата се сцрвуваа и крцкаа а ридиштата во трепетливите далечини се покрија со подвижни магли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа богословот го покри парчето небо со своите раменици и во собата легна непријатен мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се намести во креветот оставајќи болничарката да го покрие и ги затвори очите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Иако не е строго легално, не постои успешен случај на кривично гонење за продажба на нитрити, бидејќи проблемот сѐ уште не е покриен со законот за дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Скокам и се тресам и си ги покривам срамните места со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Звучниците пиштеа во долината и го покриваа шумот на водата што истекуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Не тато, не сум, - реков, иако не знам што сѐ би дала сега веднаш да можев да се покријам под јорганот, таму да го скријам лицето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ја покри долната усна со беспрекорно рамните заби и не почувствува болка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Небото го покрија црни облаци и водата езерска имаше црвена боја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Легните да починете и ноќта со неа ќе ве покрие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Разговараа за мене и ме покриваа со кожи и веленца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не траеше долго седењето кај кумот на клупите покриени со ткаени килими и масите со бел како снег штиркан дамаст.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И многу кинвали имаше со земја покриени и се гледаше подолу едно златно езеро и се слушаше глас дека ништо не нѐ дели од затемнувањето Тоа беше ден на скитања.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Повеќе