полакоми (св.)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Од друга страна, тоа уште повеќе го полакомуваше по задоволствата што ги имаше со неа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зар на мојот Марко да му бидам една од жените, или некоја од харемот, ако се полакоми и харем да има? Никогаш, никогаш!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)