полжав м.
полжавски прид.

полжав (м.)

Патуваше крај реката Полжавот. Сигурно одеше на далечен пат штом со себе си ја носеше куќичката со целата покуќнина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Месојадните растенија намамуваа и црви и глисти и полжавчиња и жабчиња и гуштерици...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Овде и тревата ги мрази полжавите и небото птиците.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Полжавот додека разговара со листот пиејќи утринска роса *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Полжавката и малото полжавче радосно се прегрнуваа. Ѝ се заблагодарија на добрата желка и ја поканија да им биде гостинка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Гласот доаѓаше од високо, од гранките на трнот под кој спиеше Полжавот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стоеше крај неа Полжавот и тагуваше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Наскоро полжавчето доби своја нова куќичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Некои ластари или полжави ќе им наберам ќе ги превртам меѓите, ливадите и нешто ќе им наберам и ќе им сварам. Вака немаш - каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во деновите на запознавањето, неговата "изместеност" ѝ се чинеше интересна иако пројавите на таа необичност ѝ штрчеа, барем онолку колку и роговите на полжавот: постојано подвижни и променливи како и нивната прилично несигурна вљубеност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Да те пуштиме! се чуди еден од тројцата. - Немој, полжавче, не шегувај се.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од некаде пресели во градината и полжави, кои секое росно утро ткаеја сребрени ленти по зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тројцата никаквеци купиле за златото секакви женски лаги, белегзии со модри каменчиња, морски полжави, шарени басми и прекуморски скакулци во шеќер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тргна Полжавот сосе куќа, сосе покуќнина кон реката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Едно утро Полжавот слушна чукање на вратата од својата куќичка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А тогаш се знаеше сѐ: кога се зајадува месо, кисело млеко и маштеница, кога полжави и коприви, грав или риба, а кога маслинки и жива манџа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Езерото, еден од најстарите резервоари на светот со слатка вода, покрај Бајкалското Езеро и езерото Титикака, може да се смета и за меморија на планетата, за него денес може да се зборува како за „музеј на живи фосили”: не помалку од двесте ендемски фосили живеат во него, меѓу кои и пастрмките летница и белвица, еден вид уникатен полжав, кој се верува дека е стар триесет милиони години, но исто така и сунѓери што не се среќаваат на друго место во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе