полковник м.

полковник (м.)

Трчаа полковниците по брегот или влегуваа со кајче во езерото и ги собираа птиците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Барем со грам повеќе ентузијазам за ќерката на влијателен полковник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Полковниците одеа по кметот и учителот и се загледуваа во оние куќи кои беа обележани со црни знаци - чумини точки останати од времето на војните кога се обележуваа заразените куќи од чума.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Коњите сега ослободени од каскањата и затегањата на уздите или удирање по мевот од петиците на полковниците - започнаа веднаш да прават немирлаци меѓу себе: да се душкаат со муцките, да се подгризнуваат за вратовите или да се потчукнуваат со колковите што прислужникот едвај ги врза.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Допаѓајќи им се виното, полковниците повремено му наздравуваа на отец Серафим прашувајќи го за видот на грозјето и староста на виното.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Командниот состав, борци очеличени во времето на италијанската и германската окупација, некои со завршени подофицерски школи, други само со основно или гимназиско образование, ги водеа своите одреди против полковници и генерали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Очињец и Федина беа малку изненадени кога претходниот ден наутро ги повика полковникот Кавињски и им нареди да подготват неколку стотици ќебиња, пијалаци во канти за млеко и многу канчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа ја турна тепсијата на средината од масата поканувајќи ги полковниците да си земе кој какво сака месо.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковниците ги истрошија сите куршуми.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се покажувам и јас во собата и шетам со очите: на една кожна фотелја седи русокос мајор, на бирото полковник, а онака, настрана, уште еден мајор со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се нишаа полковниците по тактот на песната, се нишаа чашите што ги држеа в рака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Александар никогаш не отиде, малку од мрза, малку од тоа што му беше непријатно да игра улога на социјала која фаќа ситен ќар од пријателството со ќерката на гардиски полковник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Низ прозорчето од ќелијата Наќо ѕиркаше во дворот и ги гледаше полковниците каде што се приготвуваа да си заминат товарејќи ги коњите со торбите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога ги виде полковниците, им го сврте грбот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковникот Жино вртеше околу орото и чкрапаше со фотоапаратот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќта игуменот чу тропкање по чардакот; наштути, стана од креветот и ѕирна низ прозорецот од одајата; на месечевата светлина го забележа Наќа кој помина држејќи дрво в рака и се упати кон одајата на полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе