полугодишен (прид.)
Заедно одеа на скијање за време на полугодишниот распуст, заедно одеа на летување за време на летниот распуст.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако поинаку не е договорено или во местото на предавањето на предметот вообичаено, закупнината се плаќа полугодишно кога предметот е даден под закуп за една или повеќе години, а ако е даден за покусо време, тогаш по истекот на тоа време (чл. 586, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Беше последниот ден од полугодието и мајка им ги чекаше со книшките, во кои ќе бидат внесени полугодишните оценки за успехот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Овој полугодишен период е прилично кратко време, ако се знае дека според нашето облигационо право, другите побарувања утврдени со судска одлука застаруваат за десет години!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој полугодишен период е прилично кратко време, ако се знае дека според нашето облигационо право, другите побарувања утврдени со судска одлука застаруваат за десет години!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)