помамен (прид.)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како да се изживува со нејзината помамена немоќ, тој ќе ја седнеше в скут, и шушкајќи ѝ во увото, се истураше во неа, безобѕирно туѓ.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Јас, каков што ме дал Господ, бев готов да се спротивставам во Комитетот против начинот на кој работеше Сврделот, ама не можев да се решам зашто јас бев, да си признавам, помамен по сестра му Гала.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Замавнувале, боделе, кинеле и помамно ги испитувале тие влакненца, и секое, скоро секое, било еднаш видено на штавена кожа од лисица, јазовец или диво свинче, и некои мислеле дека на таквиот народ каков што е нивниот големината му е во несфаќањето, во немањето сметка како да се одржи, да се намножи, да исколе сè што крева нож на него зашто за двајца свои луѓе убива еден, утре ни за десет не ќе убие двајца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Браќата помамно се кривеа и мрдаа со ушите уверени дека тој не е ракија и грч туку страв, како што беше и тој уверен - на дождалците им беше името омраза.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)