помрачување (ср.)
Во седумнаесеттиот век, Реџиналд Скот, Едвард Џорден и Томас Вилис во своите истражувања тврдат дека лудилото не е сојуз со Сатаната или опседнатост од него, туку болест на нервите и умот, но увереноста дека помрачувањето на умот е предизвикано од мрачните сили ќе потрае и меѓу интелектуалците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оф, бре Јоне, си велам, овдека ќе те голтне мракот, овдека ќе те испие помрачината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Тоа помрачување трае со години.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Слаткиот и миризлив сок во него предизвикува неопишано помрачување. Усните му се црвени, а прстите се лепат од густиот сок.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)