понекој зам.
понекојпат прил.

понекој (зам.)

Имало козари кои доаѓале на театарски претстави со понекоја коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Понекои од нас толку многу ги имаат што без престан ги расфрлаат околу себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Погледот стигнуваше до блискиот брег, во Албанија, откако ќе ја минеше границата помеѓу двете земји, означена со понекоја невидлива бела пловка на езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Понекоја бугарско-кинеска јакна, со неиндентификувачко чудовиште или исклештен змеј со премногу канџи и премалку заби, хибридно се вкрстуваше со модерно палто на млада госпоѓица која сѐ уште нема, или има освоено многу одважен маж.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Понекоја стивната шега прошетува внимателно. Се јавува и првата насмевка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во размислите, и тоа гласно, постојано расоблекуваше понекоја од ќерките на развластените и имашливите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понекои од нив палеле и свеќи и ги оставале да шетаат, да пловат околу нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лежев и гледав во таванот како да набљудувам ѕвезди. Тоа беа рефлексии од џагор, забава и понекоја пијана мисла.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И по многуте години од нејзината најсреќна ноќ, таа беше спремна да раскажува само за онаа убава починка во гостилницата кај Бањи, каде што гостилничарот им варел јајца во водата на врелиот извор на бањата а се разбира ќе спомнеше и понекое доживување или необична поединост од тоа долго патување низ ноќта кога размислувањата за среќата повремено ѝ ги прекинувал коњот со гласното фучење, а ќе го спомнеше патем и одговорот на птиците содржан во нивните исплашени крикови што ќе уследеле веројатно поттикнати од фучењето на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наоколу беа видливи остатоците од минато вечерната седенка: отпушоци од цигари, наполнет пепелник, тук- таму понекое парче залутана пепел од многубројните цигари, празно шише од најубавото македонско вино, и нечисти чаши, на кои останале отпечатоците од прстите на гостите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За конкретни и познати физиономии од минатото сигурно не размислуваше (иако ѝ беа познати многу од лицата на расфрланите наоколу фотографии) додека бурињата понекои полни со вино, и поредени токму овде, каде што се наоѓа сега софата можеше да си ги замисли.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Често имам помислувано дека во нејзината куќа, во планината можеле да наминат волци; можеле и разбојници да се втурнат; но во времето на војната можел да намине само понекој херој за да си ја згрее смрзнатата снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можело понекој од нивните залутани зборови и да ве полази.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Далеку назад останаа нивите и оризиштата а пред нив се спружи темно–зелено поле, како бескрајна нива, прошарена тек–тук со понекоја ретка врба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со малку сиренце, она убавото, жежено што се вика, и што се прави со усвитени камења што се ставаат во овчо млеко, и со понекоја голтка водичка од стомнето, ги изедоа печените компири, убави, вкусни какви ни на царска трпеза не можат да се најдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нема нервози, нема караници, нема кој да ми влегува без дозвола во собата, сѐ ќе ми биде на свое место, нема кој да ги зафркава моите другарки кои понекогаш мака мачат со шегите на брат ми, а понекоја од нив дури се срами да доаѓа кај мене дома зашто е тој „од големите”, а ние сме „од малите”...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе