поолесни (св.)
— Хи, хи, хи! — се слушна придушен смев. — Сето тоа што ќе ми го кажеш? — се ослободи таа, бидејќи тој почна, та забуната негова и ја поолесни нејзината положба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Белки пијавиците ќе му ја намалат лошата крв, вели мајка, белки со нив ќе му поолесни.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Белки маѓијата од бабата Бисера сврши работа? — си помисли Митра и ѝ се поолесни на душата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)