попасе (св.)
Ќе попасат овците додека честиташ ти бајрам на бегот и ќе враќаш назад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На овчарите и воловарите им се имаше случувано мечката да им влезе во булукот, да си попасе со овците и да си замине.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Летале што летале и приближиле до некое краиште од земјата, слегле и си починале, си попасале тамо троа тревичка, чунки такво било местото што немало никаква животинка рана за штркови.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ги терам да ги изведат кравата и магарето, да ги попасат по меѓите. И за нив ми е жал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си мислиш некои патници се починуваат, го попасуваат добитокот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ние ќе ти го повардиме и ќе ти го попасиме коњчето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Дорчо е гладен. Ќе одам да го попасам.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)