попречи (св.)
„И зборот кога е во тесен чевел“- сигурно притиска однатре, глочка, често попречува во слободниот од кон слободата, сѐ додека не се искаже, преку песната или пак некоја друга творечка форма.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Но српската пропаганда, освен илузијата за српска народност во Македонија и попречувањето да се реши македонското прашање во полза на Бугарите, има и други резултати.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ефектите од културното попречување се двојни: тоа привлекува критичко внимание кон оригиналната порака, истовремено отворајќи простор за нови и алтернативни значења.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Таа стоеше за сето време, додека одминуваше по голината, но ниеднаш не му попречи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Заради тоа, тие се ангажирале да го попречат таквиот од на Организацијата преку мирно вовлекување во нејзините редови и преземање на нејзиното раководство, или преку отворено конфронтирање со неа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Револверот што го држиш в раце е мој - и, за жал, празен. Го испразнија тие - само за да го попречат ова.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Посакав да играм до самонакажување - сега немаше ништо да го попречи нејзиното излевање.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ако религиозните пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелигенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш првото нешто што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде „Архиепископија всеја Македонии“.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сара и јас понекогаш зборувавме за мајчинството, и еднаш Сара ми рече: „Докторите ми велат дека мојата болест нема да ми попречи да станам мајка,“ и помина со рацете по металот околу своите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Нема толкава небиднина што да му попречи на Сонцето да изгрее!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Секој обид на критиката, медиите, или на другите уметници да ја дефинираат оваа нова визија, беше попречен од уште едниот придонес на Ворхол во историјата на уметноста: неговата личност.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А ти? Обесхрабрен од ваквите попречувања, јас веднаш ѝ приоѓав на гитарата што висеше на ѕидот, ја удирав струната, започнував да пискам со ужасен глас некоја непозната песна, се обидував да бидам послободен клоцајќи ги ѕидовите, но сето тоа беше лошо, сето тоа беше втора сорта.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
-Во својата алчност тие ги зголемија вештачката емиграција и царинските бариери, попречувајќи го слободното движење на луѓето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нина длабоко се издиша, лицето ѝ стана сериозно: „Драги еколози, најнапред се извинуваме дека доцна ви одговараме, попречија новогодишните, па и божиќните празници, па зимскиот распуст, па дури после одржавме состанок, со задоволство ја прифаќаме соработката, со желба да се посетуваме, вие доаѓајте кај нас во Струга на летување и знаете колку сме гостољубиви.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Иако некому може да му попречи дословноста на постапките на театарската дружина на Атхеѕ (нема никакво фингирање, дури и клистирањето или употребата на вибратор со две глави се изведуваат автентично), не треба да се заборават поттиците и причините што Атхеѕ го наведуваат да создава таков вид уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И никој не ќе попречи да го исполни својот долг.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)