попува (несв.)
Се знаеше, а тоа можеше и да се види, кога доаѓаа или си одеа, дека многумина од нивните млади мажи учат или попуваат некаде во Битола, во Солун или во Света Гора, дека кога требаше да му се исплатат давачките на дворот, сами тие му ги носеа, дури во Константинопол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ревносен, склон да суди, да попува, да морализира, да лечи, буквален: Може ли да биде пострејт?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Е, море, Јани, сал ни попуваш со некои големи, та празни зборови...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И повелаше, пашуваше, попуваше, та дури и владикуваше Толе. Се заинати поп Тодор во Градешница и неќе да го венча сина му на сиромашецот Васил Ватралката оти немал да му плати две лири, една за него, една за владиката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)