порадува (св.)
Кога го виде се враќа без униформата, воскликна од радост: - Добре дојде дома домаќине! – му рече веднаш при првиот поглед во дворот, кога изненадена од глетката се порадува.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мајка му беше перачка и татко му една година му се порадува на своето единче и се изгуби отаде океан барајќи среќа и леб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ела да се порадуваме Ти и јас ти невиден.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Се порадуваа малку на младенците, де вино, де нешто ракија, сиромашки се направи адетот свадбарски, колку да легнат заедно... ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Остави ме да си се почувствувам сам, да си се порадувам на себеси, на својата среќа дека ќе бидам таму.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ама, не го ни дорече тоа, а портата заклепа и почнаа да се редат пријатели како кај болен, да му ја олеснат маката со својот збор, а и скришум да се порадуваат дека не се на негово место.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мајката Роса со Деспина наминаа да видат како се сместила Пелагија, да ѝ се порадуваат на малечката Пелагија со која Деспина води долг разговор, а да се запознаат и со тетката Перса за која од устата на Пелагија излегувале само пофалби.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)