порева (несв.)
Влажен клик на усните и остро провирање на плодот од едно постоење ново Гранките се пореваат скршени во своите сенки округли раце од месечина и рамена од облаци.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Од сите бараки излегуваат жените и се вртат на снегот, се пореваат како налудничави сеништа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
БОГДАН: (го носи под мишка Пијаниот. Овој је раскрвавен на челото и се порева).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Некогаш ќе ми дојде да ја земам секирата и да му ја расцепам главата. Така, дури спие, дури се порева ко истурена комина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но растот нејзин беше побрз од мојот и поголем куќата што ми ја подјадува со своите долги длабоки корења што се шират во сонот што ми роваат та пукаа во ноќите без сон и ѕидови и порти се пореваа темелите и покривот ни татни од нејзините корни од нејзините гранки.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Му се доближи одзади и го испразни сиот шаржер во него. Ѓорче се поревна и падна.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На сите им студи, вели, некои собрани во купче се пикаат еден во друг и се тресат, се пореваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се влечкаме, се пореваме, замаени од чистиот воздух што ни се стега во дробовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од куќите излегуваат здрави и болни, се извираат од под чардаците, се пореваат меѓу јалиците, како да излегуваат од земја, од никаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
МЛАДИЧОТ: (Блед е. Се чини секој момент ќе се струполи на земја. Поревајќи се, се довлечкува до една од фотелјата и седнува во неа.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Облаци и магли се пореваат, се точкаат, небаре свински црева.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кон неа небото лази како поразна стоногалка и воздухот почнува во лисјето да се порева.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се поревам меѓу бараките, куц, куц, ја изминувам фурната и амбулантата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој уште се порева, ја трие главата и се обидува да ја истера тежината што го корне целиот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„За да ти ја разгорат болката ќе ти го разорат телото!“, поревајќи се Старчето ја окара угорнината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И така, спикан зад тоа пусто тезге од расчаталени штици, меѓу грнците што се пореваа и превртените тави што стануваа капаци на цреповите за џвеќиња, Петре го доживеа тој земјотрес на јаничарскиот бес и сила, и самиот како некое цвеќе што венее брзо на студот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога ќе се повтори грчот, станува и сака да излезе. Се порева.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)