пореди (св.)
Креатура која ги пореметува паметните зборови на ангелите.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Подот е послан со рогузи и стари истраени ќилими, а под камарите сѐ до вратата, поредени се перници полнети со слама.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Дед Павел отиде до полицата на која беа поредени чаши и празни шишиња и зеде од зад нив превиткан лист.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
По целата коска дупчиња и зарешки поредана. Небаре гропчиња отворени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За конкретни и познати физиономии од минатото сигурно не размислуваше (иако ѝ беа познати многу од лицата на расфрланите наоколу фотографии) додека бурињата понекои полни со вино, и поредени токму овде, каде што се наоѓа сега софата можеше да си ги замисли.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не беа како некогаш убаво поредени цвеќињата, лисјето, тревата, јасминовите стебла, лимоните, како во неговата виорна младост кога започна да работи во југословенската амбасада.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Наоколу поредени маси. Многу маси... Море од шишиња со разни пијалаци; кристални посуди со јужно овошје, торти, чоколади...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И, додека ти мислиш дека е крај на светот и векот за тебе, те вадат и тешат турските серии, поредени, фала Богу, така што можеш да ги следиш и репризите ако нешто си пропуштила дури си го секнела носот со тоалет хартија зашто „Паломата“ си ја потрошила на претходната, која била за нијанса потажна од твојот живот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)