поробувач м.
поробувачки прид.

поробувач (м.)

Никогаш не ни се падна некој подобар поробувач.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакал братов да го земе малиот, да го води со себе и да го направи борец против поробувачите, но не успеал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На моите долги прошетки покрај рафтовите, продолжи тој, во средбите со книгите, (имајте предвид: на овие катови се пренесени речиси сите знаења што им пречеле на некогашните поробувачи поради идеите застапени во нив) се среќавав и со таа веќе спомната вечност на вистините.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мозаиците, мермерните столбови и колонади станале жртва на варварските постапки на поробувачите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Всушност, ако се проследат внимателно сите околности, јас го ставив во служба на поробувачите моето име, но не и совеста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А мене токму тоа ми се случи! Дојдоа туѓинци, ги заменија дотогашните поробувачи, себеси се прогласија за ослободители, а јас, најпосле уморен од потрага по слободата ја прифатив нивната лага како своја вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Точно, му служев на поробувачот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оваа ноќ! Започнува крвавата пресметка меѓу робот и поробувачот!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)