породи св.
породилен прид.

породи (св.)

Се породи... неколку дни живееше се разболе... тивко умре.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Неколку дебели жени со заруменети образи влетаа во салата за породување, носејќи букети цвеќе и бонбониери.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Од надлежните на болницата беше известен за породувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Си ги бришеме празните дојки и мевови, прелапнати како по породување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имал млада жена и очекувал да се породи. Повеќе сакаше синче.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Почина кутрата при породувањето со ќерка му Германија, после што Германија ја зеде да ја гледа сестра му Галица, Гала и со неа се пресели во Охрид зошто тука не можеше да ги издржи озборувањата на луѓето кои уште со прст не покажуваа на неа поради нејзината толку јавна врска со германскиот офицер...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За породувањето Ако гледаш на филм како се раѓа дете, нема да посакаш ни да се „онадиш“ со некого, па да заносиш, а не па да сакаш да раѓаш... не дај Боже!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Својата болест вешто ја криеше сѐ до породувањето во Вршац.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
— Зар овдека дојде да се породува, ми се сврте еден од пред мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја прашуваа бабата Депа, а таа им велеше: - Не беа сите три за одеднаш да се породат... Некоја требаше сега, а некоја подоцна... Но стравот од оваа неизвесност им го забрза породувањето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Маката што те мачи пак ќе се врати и пак ќе те зароби темното кое низ грчеви сака да се породи во светлина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Породувањето конечно беше извршено и У дојде на свет будна, токму онака како што сакаше мајка ѝ.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Штом се породив, го загубив половиот нагон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Надвор! Зарем не гледате дека породувањето не е завршено! – ги бркаа гинеколозите развеселените жени, кои мислеа дека веќе се слави успешното породување на нивната пријателка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Животот на У по породувањето доби сосема обичен, но во некои нешта и необичен тек.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
За породувањето на Рада не сакаше ништо да ризикува, иако имаше направено над илјада породувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа зеле од чергарите машко новороденче и кога царицата се породила тие веднаш ѝ го ставиле во креветот грабнатото чергарче, а новороденчето им го дале на чергарите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле, еден ден се стиша гласот на породилките: се породија, речиси сите три во исто време.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се растрчуваа и луѓето по сокаците и одеа кај онаа жена што им беше поблиска, што им беше роднина или пријателка, застануваа крај куќата и штутеа под прозорците, ги наслушнуваа јачењето на породилката и заклучуваа дали ѝ наближува времето за породување или уште ќе се мачи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе