порција ж.

порција (ж.)

Откако ја изеде својата порција шпагети со сос од патлиџани, грашок и шампињони, од салветата што му беше приложена до чинијата направи десетина мали топки и со некаков ластик кој на кој знае кој начин се најде во близината, се обиде да го гаѓа својот пријател сликар, на што овој се навреди и побегна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што се делеше бедата во разни порции, главно исти за мнозинското население, така се делеше и стравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ема со врвот од јазикот го проба пудингот од малата стаклена порција и кога минуваше низ ходникот од кујната во спалната соба јас сѐ уште стоев отпростум во кадата, крај сината мушама, со дебела фротирка преку вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Откако ќе се зготвеше месото во казани, им се носеше на војниците на положаите над селото и им се делеше во порции.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Готвачот им даде полни порции макарони. Им даде и репете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ниту едниот од нив не прозборе додека не ги испразнија порциите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ја извади порцијата со мед, но тогаш во грмушките паднаа дваесетина зрна, па тој ја врати порцијата назад во торбата и почнавме да бегаме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше обичај за ручек да испие цела една порција расол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се тешиме со фактот дека можеби аполитичноста (која е неизбежна социјална последица после вакви енормни порции политика што ги консумиравме последниве години) повторно ќе ги натера луѓето да се бават со својата најнепосредна околина, земајќи го од социјалистичкото минато она најмалку лошото: презирот и игноранцијата спрема политичарите сфатени како некакви хипер-прилагодливи стаорчишта што ријат по житните амбари и повеќе наликуваат на елементарна непогода отколку на „мафијашка структура”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како што се делеше храната од меѓународната помош, со специјални купони, точкици, така се делеше и порцијата страв што ја добиваа луѓето со порцијата млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дека не сум маанаџика и дека свадбарската порција секогаш ми била тамам погодена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Шеткаш лево-десно, се топориш пред народните непријатели, јабана кинеш ѓон и дневно добиваш три порции леб, а таму во Егејот истовремено нашите браќа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И да знаеш, Пандо, не ме болеше толку добиениот удар со инвалидска патерица и што ти не, колку што ме болеше свеста дека тие удари доаѓаа од соборци, од луѓе со кои крвавев не само во еден ров, со кои сум јадел од една порција со една лажица, ја делев капката вода, догорчето, животот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Братучедите, седнати на грмот под големиот орев туку што решаваа да станат да си ги измијат порциите од ручекот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Море наполни ми ја порцијата со таа твоја помија и најди некое зрно повеќе. Ти пливаат, море, зрната, како што ти плива умот, море, шутрак шиклест...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А на пругата, што ќе видиш: купишта војнички казанчиња, матерки, порции, пушки без кундак, железни колци и ногалки од топови и шлемови и што не. Сето истурено, израстурено, сплескано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заедно јуришавме, бегавме, се криевме, па фаќавме нови позиции, заедно јадевме со иста лажица од една порција, се покривавме со исто ќебе. Да, многу работи ни беа заеднички.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја оттурна својата порција настрана, го зеде парчето леб во едната деликатна рака, сирењето во другата и се наднесе над масата за да може да зборува без да вика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако ова јадење еднаш се проба, ќе се побара нова порција.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе