посака св.

посака (св.)

Чиниш, посакува - камен да се престори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само миговно посака и се исплаши мислата да не го издаде!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Би можеле со своето жалење да ме подмамат кон приврзување што значи дека би посакал да се вратам во својата мрша, што фала богу е невозможно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Посакуваше така смирена да поседи колку што може подолго, но здогледа некое делче од некое суво планинско цвеќе на футата и со прстот и показалецот внимателно го фати и го фрли онака во тревата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Интересно беше дека многу од работите кои ги посакував почнаа да се исполнуваат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Посакував да ја понижам а всушност ја бев открил и промовирал нејзината посебност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Признателност? Па добро, тоа на крајот од краиштата, и не е нешто лошо што човек може да го посакува. Човечки е да посакаш и признателност и фалба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да се поместиш од кртичникот кога џуџињата ќе посакаат да бидат големи.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Да посакаш да бидеш болен и на рецепт да ти ги препишат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само да посакаш да видиш самовила, коњче или еленче - и ќе видиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Посакувам да ти ветам бесрамнику Штом студен здив твој сетам Секој мој стих повикува на двобој Мунковски испиен блед лику И ќе го вплетам во тебе знај Ко игла со која Дервишот Ја докажува моќта на потсвеста Гласно во овој миг велам – Иш Искреноста е мудрата сестра Направи трик – исчезни Да го почнеме од почеток нашиот крај 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Како што јас посакувам да ја вкусам нивната земја, мажот сака да ја види убавината што се крие под кимоното.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Посака и тој да има во својот стан такво легло, но бидејќи беше мрзлив не можеше сам да си изгради.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Постојано повторуваше дека само тоа го очекувала и посакувала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Морам да внимавам, да не се посрамотам иако не по моја вина нема жена што не ме посакува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стори добро и ќе посакаш да сториш нова добрина; стори зло и нови зла душата ќе ти посака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе