посече (св.)
Откако никој од нив ништо не најде во келарите и амбарите тоа за што беа дојдени, одделија шестмина мажи и ги одведоа на Св. Илија, надвор од селото, Таму ги мачеа и на крај им ги посекоа вратните жили и пршлените и така ги оставија да искрвават.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во ќебиња и легени - посечени раце, нозе, прсти, скршени заби, извадени очи. Сѐ во една јама.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И оттогаш дедо честопати велеше: - Шо ќе ми сторат? Јазикот ли ќе ми го посечат?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дека му се случило нешто на некое од децата, или дека му се случило нешто на Јосифа, или дека, или дека, а кога Јосиф со испрекасан здив изустува Некој дојде во Потковицава, по Градишки Пат, една единствена помисла, еден единствен ужас, оној од пред толку години, кога `Рслан бег и другари му ги исклале сите возрасни Акиноски, му ја згрозува душата и му ги посекува нозете во колената.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само Армуџи-оглу заплени петорица, а колку посече и да не ти кажувам, кардаш!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)