посипе св.

посипе (св.)

По тоа влезе, зашара со батеријата наоколу и во еден момент кога светлината го закачи малку, Мече за миг му го виде лицето: под убава светла коса, сега извиткана во кадри, го гледаше по малку горделиво лице, посипан со сиви дамки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По тоа пак си легна на грб и загледан во небото посипано со ретки ѕвезди си зарупка слатко од зелката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Времето нѐ посипува секој час со својата прав и тоа е единствената вистина што ја признавам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сенката на липата се посипа со ситни иверки во пустиот простор крушата ја однесе ветрот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Како кога посипуваат детско лајненце со пепел, за да се замети полесно од катот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Перса се обидуваше да ја разблажи таа болка, отворено ѝ зборуваше Златна на мајка, кога нешто се посипува со пепел отпосле не се распретува таквата пепел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се стемнуваше. Помеѓу сивите куќи на мојата улица лилавиот долг правоаголник на небото се посипа со предалечен светкав зоб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доколку некој богослужец и доброчинител не ги посипе мртовците со вар или со газија, доколку не ги запали од божји причини, преку ноќ на нив се нафрлуваат чакали, понекогаш бесен пес или престарен крмнак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму каде што ќе поминеш, со најубавите снегулки од мојава душа посипи ги домовите и двориштата на сите што ќе те пречекаат!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Под дрвјата лево од него земјата беше посипана со сини ѕвончиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нив еден врз друг ги фрлаат убиените борци на ДАГ, а потоа булдожерите ги посипуваат и грижливо ја израмнуваат земјата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаболката, крушите, кајсиите и сливите по градовите како да се посипани со бел снег, само бадемите се преполни со розов цвет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Полесно пред Него ќе си го посипуваат лицето со пепел, доколку пепелта ќе е моја, од ова месо и од овие коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кандидатот што беше повикан од комисијата излегуваше како да беше целиот посипан со студена вода. Му играа вилиците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еднаш, како секојпат, Мече го возеше количето со полна тенеќија студена изворска вода, по патот посипан со жешка леплива прашина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Нас стрижените нѐ впикнуваа во пералната за да ги оставиме, алиштата и, притоа, човекот од хигиенскиот завод нѐ посипуваше со бела прав по главата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако ви се случи во подоцнежните ноќни часови да минете, се разбира, со кола, по убавата магистрала на Босфорската ривиера, тогаш гостољубивите ресторатери и хотелиери ве тргаат од колата и ве вовлекуваат во локалите или пак она што ќе го побарате ви го носат во колата, па и топлиот салеп, посипан со иситнент дарчин, кој овде насекаде се точи и пие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
1. Небаре пепелница го посипа животот на новиот Мурат-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека ветрот фучеше околу мојата глава посипувајќи ме со песок, заспав. Заборавив дури и дека сум жеден.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Повеќе