последува (св.)
Тоа се гледа особено јасно од можните последици на востанието, кои, за наша и турска среќа, не последуваа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се заниша танецот од опсадителите. Последуваа уште неколку залпови од турскиот аскер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сосем механички, отворајќи ги мигновено очите, тој посегна да ја земе книгата, но тогаш последува вториот удар, а и коњот го бувна и тој се испружи целиот, удирајќи со лицето в цименто.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Можеби брзо по ова ќе последуваа и некои пакосни веселости на негова сметка, зашто случајот самиот тераше да биде искористен, - но настапи школскиот распуст, девојчето замина во некој град во Србија, а Соколе само одвреме-навреме ќе наминеше во берберницата, дека немаше сега зошто да иде.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој момент можеме слободно да го одбележиме како врвна точка во развојот на пријателството меѓу стариот и Пискулиева, зашто сѐ што последува, едноподруго, само го забрзуваше нивниот раскид.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)