посран (прид.)
А сега, ко посрано дете се мешколи пред нас, си мислам, - За држава треба цар, даскали, доктори, писари, вели војводата, а ти имаш само болви и болвосерки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јебем ти таква демократија. Ако е тоа демократија тогаш мора да кажам дека е најпосраниот систем на уредување кој е измислен досега и не е ништо друго освен дупење у здрав мозок и трговија со гласови.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Знаеш, миличок, тој не беше од оние посрани интелектуалци Нес Мееш, кои по искуството со болната тупаница, постојано се пипкаат по стомакот да не им се прекине лигавата папочна врска со строгата Мајка Татковина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ја фаќам под рака и се влечам како посран гулаб. Не знам што да кажам, а и се срамам пред луѓето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ама, како што велеше татко ми – секогаш бевме, вели коњоводци и на офицерите им ги перевме посраните гаќи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Посран февруарски ден. Моите набрекнати брадавици.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Повеќе ме валкаат, ме раскашкуваат. Ме мијат како да сум посран.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Два месеци ги полнев џебовите на интернет кафето сè додека не го сменив посраниот провајдер па да продолжам со секојдневната доза од дома.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Марш, серко! Посрани борци не ми требаат! Кузе не чека да му повторат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)