посредува (несв.)
Обидот на Русија да посредува завршил без успех.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Таа ни кажа дека во Париз постои една агенција која што посредува за работа о пер во француски семејства.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Поради тоа американската администрација врз себе ја презела одговорноста да посредува во некои постојани несогласувања и отворени прашања што се појавија меѓу иселениците од словенско потекло во почетокот на Втората светска војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ги има стотици во секој сантиметар, а можат да го примаат и да го посредуваат чувството на опиплива стварност.”
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Глобалното Село каде што сите сме заедно, се употребува како метафора за тркалезната маса на која се собираме за да разговараме за сѐ што нѐ засега. Rheingold ја анализира состојбата на CMC (компјутерски посредувана комуникација) и пишува за зависниците од различни системи: минител во Франција, кампус мрежите, xxx, bbs (само за возрасни), во центарот на Небиднината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Модерните примитивци како да се обидуваат да докажат дека стварноста постои, дури и ако не е медиски посредувана.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Попрво, таа е ангажман во стратешки предизвици за градските структури и медиуми кои посредуваат во нашата секојдневна перцепција на светот: ангажман преку естетско-критички прекини, инфилтрации и апропријации кои го доведуваат во прашање симболичките, психополитичките и економските операции на градот.“
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
По ревноста за апсолутно искрен израз, по подготвеноста да плаќа со лично страдање и ризикување на животот, Бренер го воскреснува и го воздигнува садомазохистичкиот комплекс на руската интелигенција во опозиција на омразената власт, комплекс кој е вродена желба „за страдање” и во кој политичкиот дискурс не посредува.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)