постер м.

постер (м.)

По ѕидовите имаше црвени плакати на Младинската лига и на Шпионите, како и еден постер на Големиот Брат во сета негова големина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Транспарентите и постерите со кои беше украсен плоштадот беа погрешни !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На ѕидовите имаше цела галерија слики и постери.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На неговиот крај висеше постер во боја, премногу голем за изложување во затворен простор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу на улицата мали вители од ветер тркалаа прав и искината хартија во спирали и иако сонцето светеше, а небото беше јасно сино, изгледаше како во ништо да нема боја освен во постерите што беа излепени насекаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден постер беше залепен на предната страна од куќата токму отспротива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има многу прозорци и од сите страни видикот е прекрасен, како да сме закачиле постери со пејзажи, така личи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повторно имаше бесни демонстрации, фигурите со ликот на Голдштајн беа спалувани, стотици постери на евразискиот војник беа искинати и фрлени во пламенот, а голем број продавници беа ограбени во безредието; тогаш се прошири глас дека шпиони управувааат со бомбите, со помош на радио бранови, и толпата ја запали куќата на една постара брачна двојка за која се сомневаше дека е од странско потекло, па двајцата умреа од задушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Време е од рано-рано разграбано, ама за наши луѓе, ќе се најде некој постер од Млади бунтовници.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нов постер ненадејно се појави низ цел Лондон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Кундера би го видел народот на Плоштад Македонија како одделува сопствени пари за да постави рекламни постери од поп-пејач (и по неговото трагично преминување), сигурно би добил инфаркт, па потоа сите би го тажеле заедно со починатиот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На секое одмориште, наспроти отворот за лифтот, постерот со огромното лице зјапаше од ѕидот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постерот беше излепен на секое празно место по ѕидовите, надминувајќи ги по бројност дури и портретите на Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Маска за станицата на пиратот беше туристичка агенција во пропаѓање сместена во пастелна цевка, со работна маса, три столчиња и избледен постер на Швајцарска орбитална бања.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дури и од монетата очите го следеа. На монетите, на марките, на кориците на книгите, на транспарентите, на постерите и на кутиите од цигари - насекаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш ја забележа девојката како стои во подножјето на споменикот и чита, или се преправа дека чита еден постер излепен спирално нагоре врз столбот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чети од доброволци што ги организираше Парсонс ја подготвуваа улицата за Неделата на омразата, закачувајќи транспаренти, сликајќи постери, местејќи знамиња по покривите, ризикувајќи си ги животите за да растегнат жици преку улиците на кои ќе се веат знаменца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе