построи св.

построи (св.)

Нѐ построија покрај шините, покрај чакалот и нѐ шетаат ко кучиња на мочање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ построија одделение по одделение и така во ред, двајца по двајца нѐ носеа крај брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нѐ построија во четири реда и нѐ одведоа во една фабрика за обработка на рудата сљуда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коле стрчна на чело и ни даде знак да се построиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Често построени во дипломатскиот кор при средба на државници, со двете добри уши ја доловувавме реченицата која на минување ќе ни ја кажеше големиот државник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Срцето му се стегна кога помисли на огромната сила што е построена против него, на леснотијата со која секој партиски интелектуалец би го победил во евентуална дебата, на суптилните аргументи што тој нема да биде во состојба да ги разбере, уште помалку да им одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Построена на полјанката пред логорот, околу висок јарбол, бригадата му оддаваше почест на знамето се развеа понесено од лесниот утрински ветрец.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Највисоките претставници на дипломатскиот кор беа построени како убаво наредени и украсени големи саксии со цвеќе во свечената сала на УНЕСКО.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се построивме по водови и марш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На полјанката, до фурните, се постројуваат ешалони облечени во стари и излитени чешки униформи...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Целата бригада се построи. На чело со знаменосецот Трајче со марш и песна бригадата тргна...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
16. Наѕирам низ решетките на прозорчето, свртено кон дворот меѓу бараките, и гледам една чета построени момчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коле нѐ построи за пречек.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најпосле, ја измолкна свирката од градите, даде знак да се постројат девојките.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Уште од вратата на интернатот водот се постројуваше во колона по еден и тргаше тржествено напред. На челото газеше нашиот водник Бане.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нѐ пикнаа во бањите, нѐ избањаа, нѐ дезинфицираа, нѐ облекоа во тренерки и нѐ построија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред црквата четата се построи, старешините на водовите ја проверија бројната состојба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но бригадата е построена и веќе во движење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Има ли доброволци што сакаат да одат да растовараат? - праша Евдоксија, а потоа слезе од бината, отиде потаму во игралиштето и викна: - Доброволците да се постројат по двајца покрај мене!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе