потиштен (прид.)
Лесна потиштеност го обзеде мојот спокој, Ко гранче шимшир со горчлив вкус, насмевка по образот, во виртуелен свет...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Откако заврши со читањето, се збогуваше и си замина со толкава потиштеност во душата, сосема невообичаена за добронамерник како него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Незадоволен и потиштен се повлече во осама.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
И не можев да го гледам така затворен во себе, со засрамено спуштен поглед, со навреден израз на лицето, молчалив и потиштен... и не можев пак да разберам зошто даскалиците Марија и Софија не се вратија од Костур и зошто новиот даскал беше толку многу строг.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во неговите очи забележавме болежлив, глув и потиштен молк и обессиленост од вгнезден страв...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Манол Форевски беше многу потиштен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)