потпевне св.

потпевне (св.)

Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Колку ми е потешко, толку повеќе да сакам да зборувам и да потпевнувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И му се присторува само сенката на убавата жена Некогаш што си потпевнуваше во дворот Тој дури ги окопуваше овошките.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Цел живот ги шетав своите соништа и низ времето и низ просторот, им зборував, им подвикнував, им потпевнував како на најблиски и стоејќи простум и извишен над нив јас секогаш се чувствував и исправен и горд...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се случуваше да потпевне и песна која прострујуваше во старата куќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Почнав да потпевнувам и да трчкарам надолу, кај другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тогаш пееше и други револуционерни песни кои никогаш не ги заборави и чии рефрени ги потпевнуваше, посебно песната A las baricadas, кога му беше тешко во животот, особено кога беше сам во ќелијата на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во занесот го гледам само модриот прстен од левата рака на продавачот, ги слушам магичните зборови и час пропаѓам или се кревам, час бладам или потпевнувам, обидувајќи се, притоа да им посочам на моите на петелот „Чуварот на сонот“ кој се така бдее и пее надвиснат над мене, и ако заклан.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да ми е да прошетам по вашата улица Тајно допрен на ѕидот на твојата куќа Да чујам колку убаво потпевнуваш А камо ли – како сонуваш...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По извесно време потпевнува нешто тажно но неразбирливо.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Туку некоја рана изутрина ќе ве пробуди она слатко ѕвонкање на коњчето, тоа негово непрестајно весело мрморење, потпевнување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Небаре да потпевнуваат, заедно со водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом влезе во неа, штом се поклони на сите четири страни, Иван Иванович обично се сместува на крилосот и многу добро потпевнува со бас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Врапчињата се натпеваат, целата шума потпевнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Камилски се враќаше дома потпевнувајќи една арија од Верди, која обично ја потпевнуваше во радосни мигови, но најчесто во својата библиотека, крај отворените книги, особено кога ќе наидеше на мисла при читањето, којашто ќе му го огрееше срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Имате многу убави песни“ – велеа и си потпевнуваа низ нос се додека нѐ заспиваа во нашата гостинска соба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Филип Хаџиевски само шетка и потпевнува: ,Гледам на Исток, гледам на Запад, не знам која страна е на моја страна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излегуваше на чардакот и правеше вежби за да се размрда и потпевнуваше за да го задуши офкањето што му идеше од болките од реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ту ко потпевнување, ту ко потплакување, подлипнување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе