потпивне (св.)
Обратно од она што можеше да се очекува, тој токму потпивнат возеше повнимателно и побавно одошто трештен трезен и самоуверен во своите рефлекси.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И одвреме-навреме потпивнуваше од чашката прикривајќи ја нервозата со наместена веселост.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Отпивнуваше Богдан и не го тргаше погледот од неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Џвака сланиничка и потпивнува вино, чепот му бил до уста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека потпивнуваа ракија од балонот, некако на подбишега, помладиот велеше: „Излегов на крај и со германските царинарници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека си потпивнуваше пиво од полупразното шише, столицата ѝ го масираше грбот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И така: потпивни, поткасни, почна да ме замелушува вотката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Рано изутрината, првиот ден од првата седмица на вториот месец од новата година, царот Јуан си потпивнуваше чај, ладејќи се со лепеза заради топлото ветре, кога трчајќи по виолетово-сината покриена градина му пријде слугата и возбудено извика: „Ох, царе, царе, чудо невидено!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)