потплати св.

потплати (св.)

Владетелите на оние градови кои граничеле со вода, потплатувале бродари да ги соберат лудите, и така бродовите пловеле со несреќниците врзани на палубите, кои ако ги преживееле жедта и гладта, ако не биле покосени од ветерот и студот, биле тајно истоварувани на првото пристаниште, а ако тоа не било можно, ги исфрлале на некое ненаселено копно, или ги фрлале во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оти, овој ставил отров во манџата на комитите. Некој го потплатил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Китан и Танаил времето го проведуваа по судовите фаќајќи судии, молејќи, потплатувајќи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Владата од Атина испрати протесна нота до Вашингтон во која се наведува дека Џозеф Хавен бил потплатен од Албанците!
„Граница“ од Луан Старова