поход (м.)
Чекоревме натаму кон следниот поход слушавме гласови во наша близина суровите проклетници печеа срна и дрмаа шишиња со ракии и вина
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Постои еден брег на кој заедно стоиме и секој поход нов нѐ сврзува посилно со него.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дали беше поштено од моја страна да се втурнам во таков поход?
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Без тоа дежурни походи на англо-американски шпиони и мисионери, со полни џебови фунти и долари кои на Черчил ќе му го донесат местото на почесен граѓанин на Грција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во Февруарскиот поход добила задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Стражарницата во вид на михраб на мостот, обично вградуван во внатрешноста на џамијата, можела да биде замислена и како вид божјо испраќање на војски во нивни походи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сите сакале Балканот да биде последен пристан на нивните големи освојувачки походи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На син ми Жорж и снаа ми Лидија Во древна кинеска вазна сноп исушени цветови, со долги стракчиња, се поткренале нагоре, ги подале главчињата и сите свртени на една страна слушаат светлината како раскажува за походи небеска љубов.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
По завршувањето на операциите во февруарскиот поход уследиле низа значајни акции од страна на единиците НОВ и ПО на Македонија врз чувствителните точки на окупаторот низ цела Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Употребата на чистата воена сила, кастрирана од својот прв идентитет, односно јаничаризмот, кој најсилни облици доби при големите завојувачки походи и најголемиот подем на Отоманската империја, имаше своја автохтона провиниенција во претходните империи кои господареа со Балканскиот Полуостров.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ти знаеш дека причината за окупацијата на Австрија е почеток на големиот поход што Хитлер го замислил и со кој сака да го освои светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Довикување на молњите, знамение на еден поход црн.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Своите импресии од Февруарскиот поход ги изнел во бригадниот весник „Народен војник“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Градот станал главно упориште и на сите други северни походи, кон сите страни на Балканот и кон Европа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во февруарскиот поход учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да ја разгори НОБ во тој крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Нивниот молк возбудува Нивниот поход е тиха побуна на некој замислен молер Зборот е малата надеж на осамените. приказната во него е како семката во плодот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Парсонс и навистина им се враќаше на шорцовите секогаш кога некој заеднички поход или каква било друга физичка активност ќе му дадеа оправдување да го стори тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од овој до оној срт се протега црвената долина лето и многу корени жед полегнати како мртва војска по еден поход пролетен.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Камилски продолжи со аргументацијата: Башибозуците биле нередовни коњаници, односно биле мобилизирани како помошен дел во воени походи на Османската Империја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие крвави походи по распаѓањето на Римското царство, отворија всушност нови патишта за трговијата кон исток.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)