поцрвени св.

поцрвени (св.)

Го фаќаш со рацете - за час ќе ти замрзнат и ќе поцрвенат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На празниците оддалеку ја погледнуваше и засрамен, поцрвенет до уши, си ја ведеше главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека тие така го откриваа какаото, планината пред нив веќе беше преплавена со предесенска сончевина во чиј сјај лисјата поцрвенуваа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Прво го гледаш како се тркала во водата како морско прасе, потоа го гледаш низ нишанот на пушката од хеликоптерот, потоа беше целиот издупчен и морето околу него поцрвене и тој потона ненадејно како низ дупките да се наполнил со вода; Публиката се дереше од смеење кога потона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Секогаш можеш за сѐ да ме прашаш, добро?“ ѝ рече таа допирајќи ја по рамото. Таа потврди со главата и поцрвене.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како да гледавте низ мене. Јас поцрвенев. Таков сум.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Лицето ѝ доби млечно жолта боја, а усните и беа поцрвени од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Самоубиецот, збунето насмевнувајќи се, поцрвене и стана.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мамурлак Очите поголеми од главата и поцрвени од косата нецрвена. Брадата двенеделна, од вчера пуштена.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Јас молчев поцрвенет. Место мене се јави Бане: „Господине, тој уште не добил нови чевли“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И секој пат, кога ќе изгрее денот, тој забележува - момата е побледа очите ѝ се поцрвени. Не може веќе вака.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лицето на старецот, обраснато со бели боцки, поцрвене.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Петмината мажи се насмеаја. Мартин поцрвене.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Другар му лежи настрана, бедрото му е поцрвенето како од мозолчиња, ретки влакненца му светкаат на сонце - убога растителност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Десното око уште служи. Се напрега, поцрвенува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Машкото подголтнува, не да поцрвени а некако потемнува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Командирот поцрвене како пиперка и луто викна: - Сус, бре шејтан!30) Што лажеш!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше небричен и поцрвенет во очите.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Повеќе