праведност ж.

праведност (ж.)

Нашите вредности и принципи не можат да бидат исти со деструктивните илузии за чесност и праведност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Народ кој во тие мрачни времиња го запалил факелот на праведноста и културата, сепак не можел да биде толку ступиден во својот секојдневен говор и мислење...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Големите држави изјавуваат оти немаат непосредни интереси во Македонија, а работат само во името на праведноста.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Често ја имам слушано таа сентенца: дека човекот е секогаш голем, дуру и во својата болка, но се разбира кога е воден од праведноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нема правилник во животот ниту праведност и ништо не е непроменливо, трајно или херметички затворено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сакаш никого да навредиш! И веруваш дека тоа е најдобриот пат да се втаса до праведноста, му забележа мајка ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И кој нема да ѝ се восхитува на моќта на нејзината морална индигнација, на праведноста со која ја отфрла ќерка си што ја презрела и што ја отфрлила нејзината искрена и изнапатена љубов?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вљубен во праведноста на законите и побожни како и повеќето од улицата живееја повлечени од луѓето надополнувајќи ги пропуштените години со задоцнета и презреана љубов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но таа праведност, како што рековме, се разбира инаку од Грците, Србите, Власите, Бугарите, па и големите држави, покровителки на малите, се јавуваат како претставнички на своевидни праведности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Однесувањето на луѓето во случајот со Кошевски а потоа и во мојот случај ми помогна да сфатам дека многумина од нас, борците, кои бевме спремни да си ги дадеме и животите за оваа слобода, сметаа а и уште сметаат дека ние сме авторите и создателите на праведноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Твојата - да погледнеш храбро во мојата слобода Мојата - да се довлечкам до празникот на праведноста.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Со ум и чесност, со праведност и знаење сме се одржале и сме ја добиле довербата и на султанската власт, но и во овие времиња народот нѐ прифаќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не се стеснуваше со него да зборува нашински; потоа, офицерот речиси не знаеше да ветува; ништо не тврдеше; а и вербата негова во некоја божемна праведност одамна беше начната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како господари на вистината и правдата, на деспотизмот и злоупотребите тие му ја спротивставија праведноста на идеалниот закон.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Може, уверен во својата праведност, хранел надеж дека ќе го смилостиви бога да го земе во заштита неговото семејство, може оти верувал дека ќе окае некој грев, во незнаење сторен, па тогашните жители на Потковицата две недели пред злосторот и цела година потоа, и по бел ден и среде ноќ, ги слушаа неговите лелеци, неговите клетви и молитви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Го спасуваше чувството за праведност и рамнотежа што ќе биде пресудно за иднината на семејството и во новиот режим кој се вестеше, но со верна мисла да го следи патот на јагулите кон Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Трајното ослободување на Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост) од ментално-физичката стега не само што ќе го задоволеше чувството за праведност ами можеше да поттикне и благополезна религиозна полемика, исто како и лектирата „Злосторство и Вазна“ на часот по литература, која ја воодушевуваше романтично настроената професорка. „Дали јас тоа споменувам - вазна?!..“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа радикализирана критика, всушност деконструкцијата, Дерида сака да ја поткрепи со идејата за „праведност“, длабоко моралниот поим што тој го одвојува од јуридичкото право.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Повеќе