практикува несв.

практикува (несв.)

Во рамките на културите кои го практикуваат таканареченото фонетско писмо, математиката не е само енклава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Конзервативец е човек кој пропагира семејни и конзервативни вредности, а во меѓувреме дели тендери, брка швалерки, плаќа абортуси и нема ниедно дете, а од религиозност практикува само крст кој му стои закачен на ретровизорот од џипот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со хебрејскиот јазик се служеле рабините, додека во домашната употреба ретко бил практикуван.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, на мојата супериорност ѝ дојде крајот; не бев предвидел дека тие, во моментот кога ќе видат дека ја изгубиле идеолошката власт над мене, ќе почнат да практикуваат физичка власт, односно дека, откако видоа дека не можат да ја поробат мојата душа, можат да го поробат моето тело, да ми го одземат; тоа е последниот механизам на власта, пред таа да се урниса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Да се мисли со сопствена глава е ерес, предавство, бласфемија. Само ѓаволот и сатаната го практикуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Топографски симбол на политичкиот живот во античкиот грчки град-држава е агората, главниот градски плоштад, каде што граѓаните ја практикувале својата граѓанска доблест преку директна дискусија за прашањата од заеднички интерес.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тој не можеше најдобро да спие, се будеше рано, па можеби десетина дена и повеќе практикуваше утрински прошетки низ шумата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Клучен доказ е тоа што ниту еден животински вид такво нешто не практикува... како па за сѐ друго да сме идентични со животните: пиеме кафе ко жирафи, играме шах ко фоки, сурфаме по Интернет ко двогрби камили, те цепиме атом ко млади мајмуни.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Според една легенда, во средниот век, Омејадите, престанувајќи да ги преобратуваат немуслиманите, го прифатиле системот dhihmi, кој ги штител христијаните и Евреите, коишто можеле да продолжат да ја практикуваат својата вера, но по цена на тежок данок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби токму тоа, адаптабилноста, ги прави луѓето кои практикуваат преживување - чудна сорта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко ми во неделите приватно го практикува својот занает крај неа оти во чело на ѕидот има големо огледало, а и заради посебната столица, дрвена се разбира, која повеќе наликчува на берберска фотелја отколку на столица: широка, со дрвени потпирачи за рацете и задна потпорка во која убаво легнува грбот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа пак, збунетата наивка, која штотуку пристигнала во нашиот главен град да го практикува најстариот занает, ни две ни три, ми го залепи она што не го барав од неа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не можев да се ослободам од впечатокот дека секој негов гест претставуваше дел од играта што тој и Јана договорно ја практикувале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Физичко и музичко практикуеш во зависност од расположението на партнерот, односно дали му е погоден денот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Практикувањето на тој жанр како да е повеќе налик на напорот на болните погодени од Алцехајморовата болест, со помош на хартивчиња, налепници, белевчиња да се ориентираат во околниот свет пред (тие или светот?) да потонат во целосен заборав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не сум ја практикувал отсекогаш медицината, оваа гомнарија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Весниците и учебниците по историја, се разбира, отсекогаш биле пристрасни и обоени на некој начин, но фалсификувањето од овој вид што се практикува денес било невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе