практичар м.

практичар (м.)

Психотерапијата е место каде се очекува терапевтот и учесниците да бараат објаснувања за проблемите од психолошки домен, додека пак човекот кој што бара помош од медицински практичар, објаснувањата на проблемите ги бара во физиолошкиот домен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Маркос беше практичар. Воени знаења имаше толку колку што добил во подофицерската школа што ја заврши во триесеттите години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во Каиро падна во несвест заради заврзаните црева, испуканите чиреви во стомакот и запалувањето на стомачната марамица, а бидејќи болницата беше преполна, внесоа кревет во заедничкиот клозет, за еден грчки хирург да ја усере целата работа и му го зашие своето заборавено шише виски; па тогаш на реденка го исфукаа арапските болничари, а една сестра украла пеницилин, па затоа му даде инекција карбол; потоа доби трипер во газот, па еден замислен англиски доктор го клистираше со врела сулфурна киселина, а некој германски практичар на Технолошка Медицина му го извадил слепото црево со рѓосан отворач за конзерви и ножици за лим (за него теоријата за бактериите беше „чиста бесмислица“). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 23
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така, биомедицинскиот практичар и пациентот со соматоформен проблем, доаѓаат од меѓусебно туѓи јазични традиции, од аспект на дистинкцијата ум- тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)