првне (св.)
Веднаш се гледа оти двете првни надежи не ќе бидат во наша полза. А третата уште помалку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мене нешто ко врапче ми првнува овдека вака.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И првнаа тогаш врапчиња и косови од грмушките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Колку што се сеќавам од преголема возбуда дека сум фатил птица, не знаев убаво да ја држам, та набргу штом ја извадив од клопката, таа ми првна од рацете и одлета на блиската слива.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ми дојде душата, што се вели, ама врапчето што ми првна овдека, уште не може да запре, да ги затвори крилјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И првнува смев, небаре јато врапчиња да си кренал, да си избркал.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Птица на детството Помислам ли - Првнува кон небесата... Сега само во сон го слушам Павтањето на твоите крилца - Твоето прекрасно исчезнување.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Одиме, се искачуваме, а една летна тишина заседнала: ни штурче да се јави, ни пиле да првне, да писне од некаде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Неколку утки исплашени првнале и излетале низ покривот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Птиците, по дневните жештини, ги напуштаат седелките и сенките, првнуваат од житјата, од тревите, од короните на дрвјата, и гласејќи се една на друга, почнуваат да го надлетуваат просторот над Потковицата, вршките на дрвјата, покривите на куќите; жабите се огласуваат од ендеците, вировите и блатата, некоја осамена ѕвезда заискрува на небото, и гората зашумува и ветар повејува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Горе се појави Геле Колишев со темна сенка во лицето и лснати очи Ние првни са качиме и удрик бела шарка.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пелагија, таа, кутрата, ќе го земе под своја рака! и спуштајќи ја главата над бовчата што ѝ служи како перница сосема ќе се доразбуди оти врз нејзината глава ќе првне нивниот петел и со кокодакање и удирање на крилајата ќе избега низ широко отворената врата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)