пребара (св.)
Беше пребарано секое познато катче во скривалиштата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ми дојдоа ноќе и ми ја пребараа собата. Знаеја за сликата и ја најдоа исцибрени од пакост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога никаде не го најдоа и откако со извикнување на неговото име ги пребараа сите лески, капини и скребјалници, се вдадоа да ја прошетаат планината открај накрај, и пак Илета Вегов никаде не го најдоа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ја пребаравме целата зграда, соба по соба; цели ноќи, цела една недела посветивме на секоја соба одделно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ќе ме ги пребараат џебовите, така почнуваат, потоа ќе постават секакви прашања.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Решија, одејќи по брегот на блатото, да изнајдат газило и да прејдат на другата страна; најпрвин, ако стигнат, да ги уловат коњите, потоа да бараат, да го пребараат сето поле и да го фатат жив Владимира.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога стражарите ја пребарале неговата колиба, не нашле ништо, и го ослободиле бедникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ќе ми ги пребараат џебовите, така почнуваат, потоа ќе постават секакви прашања.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Па, факт е дека не брзавме, имавме време да пребараме насекаде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Уште еднаш се пребара по џебовите, но индексот го немаше, освен ако не беше на некое трето, дотогаш неброено место.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тие се надеваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Дури и урнатини ќе пребара за да те најде.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)