преброди (св.)
Ја преброди кризата! Гледаше само напред.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ја викав кај мене дома често за да ѝ помогнам да го преброди тоа и заедно да учиме, но, не успеав ништо да изменам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Повторно бродолом во душата... пребродувам и се менувам ... како годишните времиња, како денот и ноќта, се прилагодувам на барањата на сѐ околу мене...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Ќе пронајдеш во него метално топченце. Фрли го пред нас и ќе појдеме по него каде и да оди“. Принцот без двоумење направи што му беше речено и така, водени од случајот, тие пребродија многу опасни ситуации.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И така, чувствувате дека вработениот во Париз постојано живее на тркала, зашто без нив, навистина е невозможно да се пребродат дистанците од домашниот праг до работното место за што некогаш се потребни и часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Доволно силна беше да ја преброди бурата, тој лош сон и повторно да заигра со своите лени крилја.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)