преброи (св.)
Знаеше само дека е неможно да се пребројат, а тоа на некој начин се должеше на мистериозната сличност меѓу четири и пет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од сите преброени факти се гледа големата штета за нас Македонците од тоа што ние, или барем мнозина од нас, ги изедначуваме досега нашите интереси со општобугарските.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Некој имаше фенер, па така ги читаа и пребројуваа борците.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Пребројав колку чинии месо и компири сум изел - тоа беа две и половина - затоа што ме доведе во заблуда навистина да не сум јадел малку.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Оние од моето ковчеже можат да се пребројат за едно претпладне.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Му здодеа на Марко Проказник да седи и да раскажува па ископа од куферите прекуморски црвени чевли со дупченца и почна да ги пребројува запуштените плевни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Помладиот му ги преброи парите и сакаше да ги стави в џеб, но постариот со црното брадулче, му ја тргна раката и му рече нешто.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
При пребројувањата што лично го изведувам доаѓам до многу чудни заклучоци, при секое ново пребројување нивниот број се зголемува за по неколку.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бегаме и се пребројуваме, ама Горачинов ми го нема во бројот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од највисоката гранка на белата муренка црната птица уште еднаш ги пребројува мртвите тела кои пловат по маночо и живите рани обложени со вистински воздишки.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Преброј ги да не речеш дека сум ти дал помалку магариња“.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тој, кутриот, откако ги преброја парите, откако пресмета во главата со очите превртени нагоре, толку беше очаен што изгледаше како смрзнат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Колку сте со ѕевгар, колку со по едно воле? Пресметувале ожежени со сурова вистина, грешеле, по трето недоразбирање пребројувале: биле единаесет со ѕевгари и осумнаесет со по едно воле. Се сложиле во сметката и молкнале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дошол до некое место и си рекол Итар Пејо: „Море да не загинав некое магаре. Да ги пребројам.“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Беше тука повеќе од дваесетина дена, иако не беше во состојба да ги преброи точно сите оние безлични денови на чекањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој седеше на чардакот од сарајот што го доби во тврдината, и опулот, наместо кон небото, ги пребројуваше катните и покривните греди, небаре недостоен да се насладува од синевината.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со име и презиме ги построија, преброија и потоа ги наредија пред казан.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На Пабло Неруда тагата навистина нема рок на траење: под белата муренка на црниот остров им ги пребројуваме брчките на морските далги и го одгатнуваме молчењето на ѕвездите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Пребројувам – до пара за четири парчиња. Господе, бадијала сум се карал.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)