превид м.
превиди св.

превид (м.)

Меѓутоа, тој сепак направил мал превид: во 1889 год. сепак избегале само мал број македонски студенти ученици од Белград во Софија, додека големата група за којашто зборува тој овде, ја напуштила Србија на почетокот на февруари 1890 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како е можно. Тој глас можеше да го препознае во милион, а сега направи превид.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да, браќа, - продолжи директорот, свесен за превидот, - вие ќе се вклучите достојно во прославата во која нашата Партија на трудот, нашиот народ ќе ја покаже големата љубов кон великиот Сталин и почитта кон неговото дело, во името на целиот пролетерски и работнички свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што се однесува до промената што настана во поглед на оваа материја во 2008 година, веројатно поради превид, односно заборавање дека по измената на соодветниот член во 2006 година следуваше негова измена и во 2007 година, настрада можноста исплатата на пензијата да не биде запрена за корисникот на пензија што нема да се јави на 95 задолжителен контролен преглед поради оправдани причини (чл. 10, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)