превтаса св.

превтаса (св.)

Никој веќе нема да го превтаса!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веќе нѐ привтасуваат од Кожанско, од Солунско, се јавуваат и првите пукотници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ненадејно ме превтаса долга подвижна сенка. Не застанувајќи се завртев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од каква сорта да се бакнежите за да се превстаса иднината?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Перса го забележа восхитот кај малечката и ситна женичка па побрза да ја превтаса Пелагија јавувајќи се со глас во кој секој можеше да насети радост Ние трите бевме на утринска литургија во Света Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од мракот ме превтаса и нечие придушено смеење. - Не застанувај, Иване.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)