преглед (м.)

Пациентите на лекарот мораа да се стуткаат додека минуваа низ тесниот премин кон аголот каде што се наоѓаше неговата маса, а до неа и сплесканата софа за преглед прекриена со кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се претстави како невропсихијатар, задолжен од специјалниот медицински конзилиум да изврши специјалистички преглед на болната мајка на својот колега.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Свесно го одлагаше одењето на преглед кај гинеколог.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ти беше мошне исцрпен со твојот преглед на можните турцизми кои можат да се најдат на нашата листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Возни билети и лични карти за преглед!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А никој не се интересира како му е на еден млад човек кој мора да го капе кучето на својата станодавка, да го чешла со часови, да го носи на лекарски преглед, само за да не биде исфрлен на улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рече дека, во првиот дел од прегледот, ќе му постави неколку неизоставни прашања на пациентот, пред да го изврши другиот дел од прегледот, за да може да му понуди што поцелосен увид на медицинскиот колегиум.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имам впечаток дека го отворил дневникот и врши преглед на сработените задачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие, при болки или при потреба од лекарски преглед, доаѓаа во куќата на Мајка, небаре таа беше и лекувалиште и аптека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наместо да биде, како што беше нормално, на крајниот ѕид, од каде ќе имаше преглед на целата просторија, тој беше поставен на подолгиот ѕид, спроти прозорецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Добро, тогаш, ѝ реков... нека заврши прегледот, па ќе дојдам, ќе ти донесам нешто убаво да си каснеш, ќе си помуабетиме, па ќе видиме што понатаму.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Откако му бил прегледан пасошот и запишано името во регистарот, Манасов го однел куферот на преглед во царинарницата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој се правдаше за испуштениот преглед, но вети дека нема да се откаже од операцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа ректален преглед, па ЕКГ и анализа на урината. Па тестови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така ми беше речено на еден од прегледите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Првин, би сакал да дадам краток преглед на досега изнесените ставови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доктор Миха во моментот ги откажа натамошните приеми и прегледи, се погледна дали е доволно спастрен за да се истопори пред власта, и јурна со колата кон полициската станица за која приближно знаеше каде е, но во која никогаш пред тоа не беше стапнал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
•  2007: проширување на правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (Закон за безбедност и здравје при работа);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе