предаде св.
предаден прид.

предаде (св.)

Се исправивме на работ од трапот и видовме: навистина се предал, врагот!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тука настана проблем... секој ѕидар, тесар, армирач, при преземање на манџичката и пола кило леб треба да го предаде купончето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Престанав затоа што кога бев пред свршување се сетив дека жена ми е во соседната соба поради што посилна беше мојата желба да одам да видам што прави таа одошто да се предадам на таа свињарија на која речиси ѝ бев подаден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одлетале од некој таен аеродром во Канада на состанок некаде во Сибир и конферирале со членови на Евразискиот генералштаб, на кои им предале важни воени тајни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Србите им ги предадоа своите интереси во Македонија на свои конзулства и генерални конзулства.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Реши на крајот да се предаде со заробените заемки во жолтиот нотес и другите дефтери.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ништо друго - бесконечно спирално движење на љубопитност: ќе го предаде ли оној на прогонувачите и ќе продолжи ли во истата постела она во што беше прекинат кога се обидуваше да сокрие дека зад платнениот параван лежи гола жена.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неочекувано една рефлекторска нишка го улови твоето око, ја предаде твојата зеница, и јас го видов оној сјај што дотогаш ми се чинеше поинаков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но имав уште многу живот пред целосно да се предадам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само пред тебе сум сигурна во себе... и не можам никому да се предадам како што се предавам на тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ние, јас и Костадин Дамчески, вели погледнувајќи во Васила кој ги донесе камењата и сега држејќи ги в раце стои над него, планиравме оваа година таму, во Стамбол, да испратиме наши претставители и тие да му го предадат планов и писмото лично на султанот, но прилепските првенци нѐ советуваа да не го правиме тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тука, на таа цуцка, оставаа Бугарите разни летоци со кои ги покануваа нападените Срби да се предадат и им ветуваа дека ќе ги пуштат да си ги видат невестите и децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Векот на чувствената сензација е непредвидлив: поетот ќе ја прими неа во времето и ќе му ја предаде – на времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Зашто ако земам сѐ што ќе собереш од селаните, тогаш еден ден ќе ти текне да ме предадеш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури и такви, кои за една копејка ќе ѝ го предадат на сатаната и најблискиот свој!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но кога си помисли на поповскиот живот, на сите оние облаги што ги уживаа поповите, тагата го остави и во душата сети леснина и така радосен си дојде на манастирот и му ја предаде иконата на дедот Сталета со изјава дека не мисли веќе да се главува кај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И штотуку месечината се поткренала зад ред јасики и штотуку сув ветар удрил во високиот и тесен прозорец на неговата куќа-кула, еден од помошниците на мулазимот со неколку стрелци и бекрии го повикал прегладнетиот непокорник да се предаде: на оној што се кае, алахот и султанот му простуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе го замолиш да се предаде, ни вели и ќе му ја објасниш борбата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе