предзори (прил.)
Предзори насетуваш
заборавот е несовршен хаос
делумна ентропија:
темна страна
на човештвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Јадоа сватовите, пиеја, играа, фрлаа пушки пиштоли, изгореа петстотини ракети од разни бои, — и за напад, и за отстапување, и за примирје, — и веќе предзори едни си разотидоа, други капалдисаа и позаспаа околу трпезите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Предзори ќе си ги оплакнат очите во морето и одново ќе се вратат назад во земја од големата земја да шетаат со тланикот од еден до друг крај на дворот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сигурно е веќе предзори и му велам на Евтим дека заминувам (12.12.51).
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)