предлог м.

предлог (м.)

Јасно ми е со какво негодување ќе се однесат мнозина кон овој мој предлог.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговиот предлог сите го примија со најголема сериозност но јас не се согласив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од Софија телеграфираат оти тамошниот воен министер зел од офицери на разни европски и американски држави предлог да се примат тие во бугарската армија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој предлог ги заскокотка сите бегови од прилепската нахија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но да ја разбереме како што треба намерата на нараторот кога тој го форсира овој парадоксален предлог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, го одбив со индигнација овој смешен и за мене сосема неприфатлив предлог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко можеше да покаже спремност за предлогот на Камилски да работат заедно врз регистар на главните идеи на османските идеи на Балканот коишто произлегуваат од сиџилите, како прилог на балканските историски идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има предлози за градба на паралелни рибни патеки, низ кои би патувале и јагулите и не би бил прекинуван нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Откако дадов таков предлог, првпат во животот ја видов Луција заинтересирано да гледа во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како трета солуција ја нуделе можноста да се „направи возобновување на предлогот даден на Бугарија од силите на Антантата во 1915 год. за отстапување од Србија на Бугарија на неколку области источно од Вардар“ што ќе зависело, пред сѐ, од „размената на делови од населението од југословенска Македонија кои сакаат да ја преминат новата гранична линија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
— Се запна и ги кандиса Освен стариот мудур другите многу не се ни инатеа на предлогот на Колобана!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Решението со кое овој предлог се усвојуваше имаше дејство на извршно решение!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кикицас ја изгаси цигарата и рече: - Во оваа ситуација тој предлог е веќе задоцнет и не постои никаква реална можност за негова реализација, па дури и за спомнување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Но тој повторно го истакна предлогот за брак со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повторно размислувме. Заклучивме дека предлогот е добар и го прифативме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Верувам дека тогаш заеднички сите ќе одлучиме за денот на веридбата. Мојот предлог е тоа да биде на Мала Богородица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но сакам сепак нешто да ви предочам: ваквите неиздржани докрај предлози, поради некоја попатна грешка во нивното реализирање, а чија што единствена цел била да ве вброи помеѓу привилегираните, секогаш се чекор понапред во однос на оние случаи што не влегле воопшто во процедура.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Последниве години, предлозите за легализација на дрогите се најдоа во фокусот на јавните расправи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе