предочи св.

предочи (св.)

Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веднаш по првата недела од вселувањето во домот на Томо и ги предочи правилата на однесувањето и нејзиното место во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Раскажувањето од гледна точка на нараторот, дете на интелектуалец, пријател на водачот на козарите, ја предочува реалноста на животот на оние кои постојано живееле како осумничени, за­што не ги споделувале идеите на новиот режим на власта...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Камилски настојуваше да му предочи на Татко што му недостига на духовен план на Балканот во однос на Европа, сметајќи се во тој домен за супериорен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, Јана со својот префинет вкус глатко но и културно им предочуваше дека тропаат на погрешна врата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А исто така и при престојот во Србија од некои кругови му била предочена литературата во која Македонија се третира како дел од „Јужна Србија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Госпоѓа Мариела знаеше дека упорноста не може да има ефект кај полицајката, дека токму упорноста кај неа го зголемува степенот на недоверливост, па затоа се обиде да ѝ ја предочи занимливата страна на приказната: дека монахињата делувала особено инспиративно за сликарот и дека резултатот бил видлив во креативната содржина на сликите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но сакам сепак нешто да ви предочам: ваквите неиздржани докрај предлози, поради некоја попатна грешка во нивното реализирање, а чија што единствена цел била да ве вброи помеѓу привилегираните, секогаш се чекор понапред во однос на оние случаи што не влегле воопшто во процедура.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но не ја прифатив како добронамерна оградата со која се обиде да ми предочи дека не било се едно кога таков малер ќе се случел во куќата на обичниот човек за разлика од генералот или високиот раководител.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, некој треба да им предочи дека најдобро се комуницира на туѓ јазик откако добро ќе го совладаш мајчиниот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гарванов бил задолжен да им ги предочи на гемиџиите следниве аргументи: востанието што требало да се дигне ќе пропадне ако на чело на востаниците не застане интелигенцијата како раководител.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, тој сѐ уште одеше одоколу во предочувањето на реалното стравување некој на Балканот да не го прекине засекогаш вечниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова се случува во светот на апсурдот, толку сугестивно предочен во познатиот сизифовски универзум на Албер Ками, кога со прашален поглед кон небото го бара одговорот за трагичниот апсурд, но од небето нема одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исто така, факт е дека иако во Договорот за работа пишуваше дека нема отказен рок, самиот судија ова го потенцираше како правен недостаток т.е. пропуст на договорот и предочи дека законски мора на работникот да му се даде отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Франција, со голема возбуда и со восхит го откри Луан Старова, исклучителниот романсиер, тешко сведлив на рангирања но, сепак, извонредно ситуиран во балканскиот свет успевајќи, низ својата поетска визија, да ни предочи силни искуства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Аналогно на тоа, релативно лесно е да се предочи еден свет со еднаква плата за еднаква работа, со подеднакво споделени домашни одговорности, со исто толку жени колку и мажи во позиција на моќ, и др., и да се согледаат присутните нееднаквости како неподносливи за нашироко споделените интуиции за тоа што е право и правда.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Повеќе