преклопи св.
преклоп м.

преклопи (св.)

Ќе ја закаса печурката, ќе ги заврти очите, и ќе почне да подзема со јазикот, да ги преклопува вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа ќе го преклопи стартерот и ракетата ќе зарига пламен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мира се сврте и наеднаш ја преклопи устата со дланка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Предметот е комплициран во техничка смисла, има многу преклопувања меѓу термините; различни автори користат исти термини со различни значења; литературата е напишана на три водечки јазици: германски, англиски и француски, што уште повеќе го потенцира проблемот на преведување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Рада не сакаше да верува во коинциденција, но предлогот на Ѓорѓе и нејзиното размислување идентично се преклопуваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се фати со двете раце за кусачката, па и неа ја принамести на ставата, размрдувајќи ги рамената по што, сметајќи се за спастрена и уредна, ја спушти левата рака на скутот и ја преклопи одозгора со дланката од десната рака.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го фрла палтото на столот и паѓа како пресечен на креветот. И изнеможено се преклопуваат клепките.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- На сите војници им паѓаат забите, вели Јон, цела војска е без заби. Вилиците им се преклопени, вели, образите пропаднати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во Иркутск е минус 40, на Флорида плус 30... Гргорат и се мешаат јазици, се преклопуваат насмеани и уплакани лица, живи и мртви, градови што настануваат и исчезнуваат, се мешаат географски точки, Амазон се влева во Црно Море, Волга во Атлантик...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ЈАКОВ: (Преклопува рака преку рака) На твојата логика, на твојот разум, на твоите силогизми.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сите ние што во тој момент бевме во The Kitchen и го избравме стоењето во ред во очекување на ‘театарскиот миг’ кога на местото каде што е цервиксот името на уметноста ќе се поклопи со името на порнографијата, го доживеавме тоа преклопување на сцената на телото на проститутката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)